Агент за недвижности земал капар од тројца различни купувачи за еден ист стан

- Advertisement -

Како се продаваат станови во Скопје? По повеќе години повторно наидуваме на манипулации со продажбата на станови. Како што дознава МИА за еден ист стан во Скопје тројца купувачи дале капар. Притоа, обидот да се купи стан, станува борба за повраток на сопствени средства. Правдата е побарана, се чека да пристигне. Истрага, засега нема.

Агент за недвижности земал капар од тројца различни купувачи за еден ист стан, со што тројцата ги оштетил за вкупна сума од 11 илјади евра. Според договорите за капар до кои дојде МИА, склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра.

Со капар од по 8.000 и 5.000 евра, за станови од истата зграда, се оштетени и други двајца купувачи, кои се обидуваат да си купат стан уште од изминатата есен.

- Advertisement -

Со 8.000 евра е оштетен и уште еден купувач кој дознава дека е измамен во март оваа година.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави