Ако ви се појавуваат ранички во устата и имате болки во телото, тоа се сигнали дека со крвта нештo не е во ред

- Advertisement -

Според Институтот за медицина во САД, возрасните би требало да консумираат 400 микрограми фолна киселина дневно. Оваа состојка, исто така, позната и како витамин Б9, клучна е нашето здравје, бидејќи му помага на телото да ја поправи ДНК и да произведе црвени крвни клетки.

Ако на вашиот организам му недостига фолна киселина, може да забележите одредени симптоми, па дури и да развиете анемија.

Во продолжение се наведени најчестите знаци кои покажуваат дека на вашето тело му е потребно повеќе фолна киселина, па доколку ги забележите, направете анализа на крвта и зголемете го внесот преку исхрана или суплементи.

- Advertisement -

КОГНИТИВНИ ПРОБЛЕМИ

Фолната киселина е исклучително важна за вашиот нервен систем. Ако има дефицит на овој витамин, тогаш може да се појави депресија, слаба концетрација, расеаност и раздразливост. Ако не се лекува правилно, недостигот на фолна киселина може исто така да го зголеми ризикот од развој на сериозни пореметувања како што е деменција или Алцхајмерова болест.

БОЛКИ ВО ТЕЛОТО

Во потешки случаи на анемија која е предизвикана од фолна киселина, мозокот добива помалку кислород отколку што би требало. Како одговор на ова, артериите на мозокот се под зголемен притисок и се добива главоболка. Меѓутоа, мозокот не е единствениот орган кој не се снабдува доволно со кислород, па така, може да се почувствува болка и во другите делови од телото, особено во градите и нозете.

БЛЕДА КОЖА

Хемоглобинот, протеин кој се наоѓа во црвените крвни клетки, одговорен е за транспорт на кислородот од белите дробови до сите ткива во телото. Кога постои недостиг на витамин Б9, доаѓа до намалување на бројот на црвените крвни зрнца, како и на хемоглобинот. Ова доведува до појава на мускулна слабост, замор, вкочанетост во рацете и стапалата, како и бледило на кожата.

КРАТОК ЗДИВ

Покрај овој симптом, пропратно се чувствува и вртоглавица, како и зголемена брзина на отчукување на срцето.

ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ

Гастроинтестиналните симптоми како: мачнина, повраќање, болки во стомакот и дијареа после јадење, може да бидат првите знаци дека на телото му недостига фолна киселина. Освен тоа, во потешките случаи, исто така може да дојде до анорексија, која обично доведува до значајно намалување на телесната тежина.

РАНИЧКИ ВО УСТАТА И ОТЕКУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ

Овие симптоми обично се јавуваат кога недостигот од филна киселина навистина е голем, па не треба никако да се занемарат. Јазикот може да биде отечен, црвен или сјаен, обично околу врвот и рабовите на почетокот. Поради намалениот број на црвени крвни зрнца, исто така може да се чувствува болка при голтањето, болен јазик или стоматитис.

НАМАЛЕН ОСЕТОТ ЗА ВКУС

Според некои студии, освен пореметување на усната шуплина, недостигот од фолна киселина може да доведе до проблеми со варењето на храната.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави