Ако го изговори ОВА, тој има намера да ве изневери

- Advertisement -

Мал број на луѓе стапува во љубовна врска со посебна намера да направи исневерување.

Меѓутоа, непосакуваната вистина е таа дека исневерувањето е реалност за голем број парови на денешницава. Цифрите од година во година се зголемуваат како тежиме кон поотворени врски бракови и глобален поотворен пристап на живот.

Дали нешто може да направите пред срцето да ви биде скршено? Првиот чекор би бил обраќање на внимание на знаците кои ви ги испраќа вашиот партнер, а кои можат да ви докажат дека тој размислува да ве исневери. Консултиравме експерти на полето на машко-женските односи и ви донесуваме реченици кои ги изговараат кога лицата имаат намера да ве исневерат.

- Advertisement -

Што би направила доколку те исневерам? Хипотетички прашано секако.

Доколку вашиот партнер некогаш изговори нешто слично на ова, треба да знаете дека сериозно размислува за тоа да ве исневери или дека во моментов не е задоволен со вашата врска. Личноста на која исневерувањето не и е на памет, нема ни потреба да го споменува, а камоли да знае за вашиот став по прашањето “што би било кога би било”.

Дали ти се допаѓа мојата нова фризура?

Доколку вашиот партнер има една иста фризура откако знаете за него и одеднаш доаѓа дома со сосем нова фризура, тоа би можело да укажува на тоа дека се обидува на некој (а тоа не сте вие) да остави силен впечаток, посебно доколку станува збор за младешка фирзура. Исто така, не е во прашање само фризурата, туку и новата облека и генералното вложување во сопствениот изглед.

На прашање на околината – Каде сте, тој нема одговор

Личноста која е во посветена врска секогаш знае каде е нејзиниот партнер. Од друга страна, доколку важна пријателка го сретне вашиот сопруг и тој не знае дали вие сте на работа, на тренинг или во парк со децата, тоа значи дека не е заинтересиран за вас, односно дека некој друг му се врти во главата.

Ти си виновна за се

Често се случува лицата кои исневеруваат или планираат да го направат тоа, бараат причина да го обвинат својот партнер за лошата врска, за да ја оправдаат својата постапка. Доколку вашиот партнер ненадејно станал незадоволен со вашето готвење, начинот на кој управувате со домаќинството, облекувањето, и притоа ја префрла вината на вас поради она што се случува во вашата врска, знајте дека ова е чекор кон исневерување.

Извини што денес не ти пишував, беше голема гужва на работа

Ова е класичен пример за изговор на кој не треба да паднете бидејќи толку многу пати е користен што едноставно е неверојатно да се уште има поединци кои се служат со оваа фраза. Никој апсолутно никогаш не бил толку затрупан со работа да на својата сакана личност не може да и испрати една порака, освен ако таа работа не е новата колешка.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави