Нашата кожа содржи различни видови потни жлезди кои можат да ни помогнат да ги препознаеме здравствените проблеми.
Ако вашата пот мириса остро и непријатно, обрнете внимание на исхраната. Обично, остар мирис на кожата се појавува кај луѓето кои сакаат лути и пикантни зачини и храна како што се лукот, црвениот и црниот пипер, сенфот, ѓумбирот, ренот. Љубителите на кромид, кари и семе од ким треба да бидат внимателни со оваа храна. Тие во телото создаваат многу соединенија слични на сулфурот, кои, кога се ослободуваат преку кожата, се мешаат со потта и го менуваат нејзиниот мирис.
Во медицината, овој феномен се нарекува хиперхидроза. Постојат два вида хиперхидроза: примарна – индивидуална карактеристика на телото којашто не е поврзана со други состојби. По правило, се потат само пазувите, стапалата или дланките. Но, другото често е предизвикано од хормоналните промени во телото.
Најчесто, зголеменото потење е сигнал за бројни болести и состојби – дијабетес, нарушувања во работата на тироидната жлезда, ниско ниво на шеќерот во крвта, нарушувања на нервниот систем, инфекции.
Ако црниот дроб е заболен
Црниот дроб е главниот орган кој е одговорен за речиси сѐ, вклучително и за чистењето на крвта од штетните материи. Ако црниот дроб не работи добро, тогаш овие супстанции можат да се акумулираат во крвта, да излезат низ порите на кожата и телото почнува непријатно да мириса.
Обрнете внимание на бубрезите
Ако постојат проблеми во работењето на бубрезите, телото може да испушта непријатен мирис сличен на изметот од мачки. Тоа е затоа што бубрезите ја филтрираат крвта и ги отстрануваат штетните материи од телото преку урината. При бубрежна инсуфициенција, функцијата на органите е нарушена, а уреата поради распаѓањето на протеините се акумулира во крвта. Телото, обидувајќи се да се ослободи од тоа на други достапни начини, почнува да мириса на амонијак.
Ова е опасна состојба која се нарекува уремија. Таа болест може да се појави во позадина на дијабетесот или на високиот крвен притисок (хипертензија), па затоа е важно да обрнете внимание и навреме да ги препознаете симптомите.