Ако се случи ова ни нема спас, НАСА симулирала удар од астероид

- Advertisement -

Доколку астероид како тој од симулацијата би се упатил кон Земјата, на научниците ќе им требаат години да најдат решение.

Експертите од американската НАСА и другите вселенски агенции ширум светот во април се соочија со загрижувачката можност дека, мистериозен астероид, оддалечен околу 55 милиони километри, се движел кон Земјата и треба да ја погоди за шест месеци.

Ситуацијата, сепак, е дел од вежба која симулира пристигнување и закана од астероид со цел да им помогне на американските и меѓународните експерти да вежбаат можен одговор на таквата состојба, се вели во текстот објавен во весникот „Бизнис инсајдер“.

- Advertisement -

Заклучокот донесен од научниците е дека ако астероидот биде забележан толку доцна, никој нема да може да стори ништо за да спречи судир со Земјата.

Експертите утврдија дека ниту една постоечка технологија не може да запре астероид оддалечен од Земјата на шест месеци и нема вселенско летало кое може да отстапи од својата орбита за толку кратко време.

Пол Кодас, раководител на Центарот за истражување на НАСА, смета дека минимум за наоѓање решение и одговор на закана е пет години, додека астрономот од МИТ, Ричард Бинзел, вели дека ќе ни требаат најмалку 10 години да најдеме решение за вакво закана од вселената.

„Кога се соочуваме со вистинска закана од астероид, времето е најскапоцената работа“, изјави Бинзел за „Бизнис Исидер“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави