Американски туристи не ја препознале кралицата, нејзиниот одговор ја воодушеви јавноста!

- Advertisement -

Кралицата Елизабета Втора е една од најпрепознатливите луѓе во светот, но дури и таа понекогаш може да пројде „под радарот“. Имено, кралицата секоја година поминува дел од својот летен одмор на својот шкотски имот Балморал.

Кога е таму, таа се обидува да се опушти, па комбинциите на облека по која ја паметиме ги менува за нешто поудобни изданија и ужива во едноставните активности како што е поминувањето време со семејството и шетањето со кучињата.

Во текот на една од нејзините прошетки низ имотот, кралицата налетала на група американски туристи кои очигледно немале поим дека разговараат со британската кралица, вели нејзиниот поранешен офицер за заштита Ричард Грифин, кој работел со кралското семејство повеќе од 30 години.
Грифин ја споделил приказната со „Тајм“, објаснувајќи дека туристите ја прашале дали живее во таа област, на што кралицата одговорила дека има куќа во близина, мислејќи на замокот Балморал. Меѓутоа, кога туристите ја прашале дали некогаш ја запознала кралицата, нејзиниот одговор бил совршен пример за тоа колку е духовита и опуштена во такви ситуации.

- Advertisement -

– Не, јас не сум ја запознала, но овој полицаец ја запознал – одговорила таа, покажувајќи кон Грифин.

За жал, Грифин не рекол како во тој момент реагирал на брилијантниот одговор, но открил дека групата туристи се разделиле со кралицата без да знаат со кого штотуку се запознале.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави