Анета Молика: Незнам дали короната е во музиката – не ми е јасно како може во маркет, а не во кафана

- Advertisement -

Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

- Advertisement -

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

„Главна тема е ова што ни се случува, оваа ситуациај. За жал многу ни смета, еве моите колеги кои гостувале во вашите емисии и другите секогаш првото што се споменува е ковидот. Многу ни смета, бидејки нас музиката ни е добро утро, добар ден, добра ноќ, меѓутоа некако се справуваме“, изјави Анета Мицевска утрово во „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ и додаде:Продолжуваме, некако по дома пробуваме или некои гостувања, снимане, постојано сме со музиката. Тоа никој не може да го одземе од нас, музиката и песната. Се трудиме да бидеме активни, на социјалните мрежи да не не заборават.

На некој начин на нашите фанови и помагавме на полесен начин да го пребродат сето ова, нонстоп бевме активни со лајв емисии на социјални мрежи од под дома. Музиката нема границ и нема крај, со песна може се да се помине полесно.
Не можеме да правиме планови, искрено мислевме дека оваа година ќе се среди цела ситуација и ќе почне да работиме. За жал сите планови ни пропаѓаат, не може да планираме да снимаме песни, албуми. Жалносно е што се друго функционира, а музиката не функционира.

- Advertisement -

Некако не знам дали короната е тука во музиката, нема никаков проблем ако музиката си седи така во некој ќош и луѓето само да слушаат музика, нормално како што слушаат од радио, од цд. Не ми е јасно како во маркетите има гужва, нема дистанца, ништо не се почитува освен маската што се носи, а во кафана е забрането.
Стварно не ми е јасно меѓутоа тоа се протоколи кои треба да ги почитуваме и ги почитуваме. Значи очигледно дека ги почитуваме, веќе еве цела година сме без работа. На 8-ми март лани беше нашата последна свирка и од тогаш немаме ништо. Ние сме трпеливи.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави