Во точно 7.55 на скопскиот аеродром треба да пристигне првата пратка од вакцините на АстраЗенека сео 24.000 дози. Вакцинацијата, како што веќе пишуваше Фактор, треба да започне во среда, а минстерот за здравство Венко Филипче појасни дека граѓаните кои се над 75 години ќе бидат први повикани за имунизација.




Во вестите на ТВ Сител, Филипче истакна дека се е подготвено да почне масовната имунизација, нагласувајќи дека ртоа што требаше да се случи порано, се случува всушност на почетокот на април.




-Стигнуваат првите вакцини од Ковакс механизмот и сега сме ние целосно посветени системот практично добро да профункционира. Целокупниот процес на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно за што веќе има направено план. Први ќе бидат повикани оние критични групи на граѓани согласно Националната стратегија во Здравствените домови, а понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за масовна имунизација.




Процесот на вакцинација со АстраЗенека верувам дека ќе започне во среда кога ќе се завршат и сите формалности околу администрацијата, документите, дозволите за употреба согласно регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме еден навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација, нагласи Филипче.




Поголеми количини вакцини во април освен преку Ковакс механизмот, во Македонија ќе пристигнат и вакцини преку системот на солидарност од ЕУ, рече министерот и диодаде дека се очекува да стигне одредена колина вакцини што ја најави Бугарија, како и вакцини од кинескиот производител Синофарм.




-До 15 април ќе пристигнат близу 20.000 вакцини најавени од Европската Унија преку системот на солидарност, има најава и за одредена количина од Бугарија, кинеските вакцини исто така, така да верувам дека тоа ќе биде еден систем којшто навистина брзо ќе започне со работа.




Министерот посочи дека дневно оптимумот е да се вакцинираат помеѓу 4.000 и 5.000 граѓани, а бројката може да стигне и до 7.000.