Овие знаци само се надеваат дека ја достигнале својата sвезда на среќата, но потоа им изгаснува на дланка, велат астролозите.




ДЕВИЦА
Девицата честопати не е ни свесна кога е губитник и несреќна личност. Убедена е дека извојува победа, но всушност загуби. Друг проблем е нејзината прекумерна склоност кон деталите, па затоа таа не ја гледа поголемата слика и не ги реализира своите планови.




СТРЕЛЕЦ
Стрелецот поради својата мрзеливост не успева да ги постигне своите цели. Тој ги промашува сите можности затоа што мрази да излезе од својата зона на удобност и да се обиде малку повеќе.




ЈАРЕЦ
Јарецот е многу силен во зборовите, само фалење излегува од неговата уста. Тој ги убедува другите што може да стори, но се покажува дека е неточно. Кога нема да успее да го постигне замисленото, станува многу горчлив и тежок за околината.