БАМЈА ВО ВОДА: Ги лекува желудникот и бубрезите, ги намалува на шеќерот и холестеролот.Искуство на пазарџија кој на својата тезга продава бамји: „Што е ова: „Хммм изгледа како црвен пипер, ама не е, не е ни зелена пиперка…Што се прави со ова? Се пече, се вари, се динста?
Дали се подобри помалите или поголемите? Зелените, белите или црвените? А какви се овие малку пошироките? Се полнат? – Ма какво полнење во тие малечки…“ Ова се само некои од вообичаените прашање на неупатените купувачи кои за првпат се среќаваат на пазарите.
Во Македонија доста се произведува бамјата и не е толкава непознатица, но сепак има и луѓе кои сè уште не ги запознале благодетите на лековитата бамја, пишува НМД.мк
Бамјата (Hibiscus esculentus L.) или „окра“ е растителна култура позната веќе пет илјади години. Откако била донесена на европско тло од нејзината татковина Африка, таа најмногу се одомаќини во земјите од Блискиот исток.
Бидејќи бамјата и Османлиите ја третирале како вкусна храна и корисен лек (особено како аф-родизијак), тие во своите походи ја носеле и ја рашириле низ целиот Балкански полуостров.
Бамјата е, како што велат, деликатес и специјалитет како храна и истовремено лек за здравје, но и за убавина. Богата е со витамини и минерали, а сувиот чај од бамја на многумина дијабетичари им помогнал да го регулираат шеќерот.
Освен чајот (кој поретко се приготвува), како природен лек за шеќерна болест може да се сретне и „водата од бамја“, чиј рецепт можете да го прочитате подолу во текстот, пишува НМД.мк
Корисната слуз по која е позната бамјата совршено ги лекува сите форми на гастрични заболувања, особено Хеликобактер пилори, а маслото решава сериозни дерматолошки проблеми, хемороиди и брчки! Дали знаевте дека првиот растителен ботокс е направен од бамјата?
Кога е сезона бамјата може да се јаде свежа, потребно е само кратко да се обари или издинста, или пак да се додава во било кое јадење 10-тина минути пред крајот. Одлично се комбинира со домати во салата, и со мал додаток на ѓумбир или босилек, масло од тиква, јаболков оцет…
Бамјата може да се зачува со сушење, замрзнување, бланширање и маринирање. Во прехранбената индустрија, сувата бамја се користи како природен емулгатор, а корисно е за слаткарите бидејќи ја намалува кристализацијата на шеќерот. Зрелите семиња се печат и се пијат на некои места во Азија и Африка како замена за кафе.
РЕЦЕПТ ЗА ВОДА ОД БАМЈА
Со овој рецепт можете да направите вода од бамја која ќе ви помогне да го регулирате нивото на шеќерот во кр-вта, да го намалите холестеролот, а воедно и да ги почувствувате сите останати здравствени благодети кои ги нуди бамјата.
Потребни ви се 2-4 свежи бамји. Исечете им ги краевите и пресечете ги надолжно, па ставете ги во чаша вода или стаклена тегла. Оставете ги така да отстојат преку ноќ. Следното утро процедете ја течноста и по потреба додајте уште вода. Испијте ја течноста, половина час пред појадок.
Коментар на Благица Баба Буки Ивановска: „Рецептот е проверен…во недостиг на бамји, истиот принцип може да се примени и со кромид“.