Бев најубава жена во земјата и студирав медицина, па се омажив: Тогаш донесов шок одлука заради која сите мислат дека сум глупава, а никогаш не сум била посреќна

- Advertisement -

Бев најубава жена во земјата и студирав медицина, па се омажив: Тогаш донесов шок одлука заради која сите мислат дека сум глупава, а никогаш не сум била посреќна.„Работата во мојата куќа ми причинува големо задоволство, многу повеќе од која било друга работа што сум ја работела досега“, се зборовите што ги употреби Канаѓанката Синтија Ловен за да ја објасни својата одлука да ги напушти студиите по медицина, да се откаже од кариерата и да се посвети на улогата на сопруга и домаќинка

Синтија беше на прагот да стане докторка, а сериозно се занимаваше и со манекенство – во 2014 година дури ја освои титулата „Miss Earth“ на Канада, но реши двете професии да ги замени со сосема поинаков животен пат и да стане домаќинка, целосно посветувајќи се на домашните работи и обврски.

Откако се омажи за својот сопруг, поранешен војник, оваа 29-годишна девојка од Монтреал реши да ја следи „традиционалната“ улога на жената, односно времето да го поминува најмногу дома, грижејќи се за домаќинството. Таа исто така се согласила дека нејзиниот сопруг ги носи главните одлуки во куќата и тврди дека тоа ја зајакнало нивната врска.

- Advertisement -

Синтија е многу активна на социјалните мрежи каде често споделува совети за бракот и домашниот живот, но открива и како изгледа животот на една модерна домаќинка. Нејзината секојдневна рутина започнува во теретана, по што го шета кучето, а потоа се шминка и дотерува, па дури потоа започнува со бројните обврски во домаќинството.

„Никогаш не би си дозволила да го правам тоа во неугледено издание. Секогаш се средувам, се шминкам и убаво се облекувам. Ручек ставам во експрес лонецот, а во меѓувреме чистам и средувам. Кога ќе завршам се моите должности, сè што треба да направам е да го чекам сопругот да се врати дома. Послужувам вечера, а потоа се подготвуваме за спиење. Така изгледа мојот ден“, раскажа таа.

Секако, некои работи се сменија кога парот доби син во ноември минатата година, а сега кога уште едно дете е на пат, но Синтија тврди дека дефинитивно ужива да готви и подготвува различни специјалитети.

Секогаш го чека мажот да се врати од работа, за да вечераат заедно, а ако тој ѝ каже дека доцна доаѓа дома, таа му ја остава храната на масата.

„Повеќе не сакав кариера. Сакав да бидам сопруга и домаќинка. Штом се омажив, се договорив со сопругот јас да се грижам за куќата, а тој да работи. Порано сакав кариера, но сфатив дека ништо не може да ми донесе такво задоволство како кога му угодувам на мојот сопруг“, објасни таа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави