Бездомник почина со 1 евро во џебот, а на сметка имал цело богатство

- Advertisement -

Бездомник (75) кој умре од ладно на железничката станица во Милано минатата недела, имал повеќе од 100.000 евра во банка и 19.000 евра во акции, како и месечна пензија од 750 евра од времето кога работел во Минхен.

Станува збор за Умберто Квинтино Дијако, кој исчезнал од дома кога имал само 17 години и отишол да работи во Минхен, напиша Кориере дела Сера, а пренесе агенцијата АНСА.Тој одлучи да исчезне засекогаш, рекле членовите на фамилијата, а не е познато како успеал да направи толку пари.

Старецот поседувал куќа во Калабрија и две комби возила, со платено осигурување. Кога бил пронајден мртов на станицата Порта Гарибалди во Милано, имал само 1,2 евра во џебот.Неговата сестра Кјарина за Кориере рекла дека „фамилијата сакала да го пронајде, но тој не сакал да биде пронајден“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави