Јанеса Ричард, поранешна вработена во локален хотел на популарната мрежа ТикТок споделила неколку тајни на хотелските соби и при тоа ги советува луѓето на што треба да бидат претпазливи кога престојуваат во нив.
Видеото за многу кратко време стана ултра популарно.
„Работев во хотел пред неколку години и мислам дека би било забавно да ви откривам тајни за хотелите кои можеби не ги знаете“, рекла таа при тоа истакнувајќи дека можеби тоа не е случај во секој хотел и дека тоа е само нејзино лично искуство.
„Првата работа е што повеќето хотели не ги перат јорганите или покривките. Тие ги перат можеби еднаш годишно, што е навистина страшно”, открила Јанеса.
Еден од советите кои им ги дала на луѓето е кога влегуваат во нивната хотелска соба да не легнуваат на јорганот, туку едноставно да го тргнат. Таа и препорачува да се избегнува пиење од чашите што стојат во собата.
„Скоро секоја стандардна просторија што ја резервирате доаѓа со шише вода и чаши за пиење во просторијата. Не би препорачала да пиете од тие чаши затоа што тие често не се менуваат меѓу гостите, се додека изгледаат чисти”, рекла таа. Имено, Јанеса тврди дека персоналот на хотелот ги заменува чашите ако изгледаат валкани, но ако изгледаат како гостите ниту да ги допреле ниту да ги користеле, ќе ги остават за следниот гостин.
Исто така, таа ги советува гостите да не одат боси по подот во хотелските соби. Теписите, вели таа, редовно се чистат со правосмукалка, но многу ретко се перат или се чистат темелно.
„Секогаш носите чорапи или влечки“, вели таа.