Бубрезите се едни од виталните органи во човечкото тело, кои имаат функција да ги отстранат отровите и токсините од крвта.
Тие работат заедно со други органи за регулирање на крвниот притисок, зголемување на производството на црвени крвни клетки и за синтеза на витамин D.
Неправилната исхрана, внесувањето на лекови, некои болести и недоволната консумација на вода и корисни течности, се причина за појавата на песок во бубрезите, а во подоцнежната фаза и на создавањето на камења.
Затоа е добро да знаеме кои билки можат да бидат нашата профилакса или да ги примаме паралелно со третманот (само по претходна консултација со лекар).
Зелен чај
Зелениот чај се користи со лековита цел со милениуми. Неговите листови содржат соединенија познати како полифеноли (растителни антиоксиданти) кои ги инхибираат камењата во бубрезите. Потрошувачката на зелен чај дејствува антиинфламаторно и има диуретски својства.
За да ја подобрите состојбата на бубрезите , пијте секој ден по 2-3 чаши напивка од зелен чај. Овој пијалок ќе ви помогне да го подобрите и здравјето на срцето, циркулаторниот систем, мозокот, панкреасот и црниот дроб, но, исто така, ќе се подобри и метаболизмот.
Јава чај
Овој вид чај е нарекуван уште ренален чај и влегува во групата на природните лекови за бубрези. Потрошувачката им помага на бубрезите да ги отстранат азотните соединенија. Реналниот чај влијае позитивно врз веќе формирани камења во бубрезите, ја подобрува функцијата на овие органи и дејствува диуретски.
Мечјо грозје
Оваа билка е една од најдобрите за чистење на бубрезите и уринарниот тракт. Има антисептички и антибактериски својства. Мечкиното грозје не е соодветно за прием од бремени жени.
Ѓумбир
Ѓумбирот содржи антиоксидантни соединенија корисни за функцијата на бубрезите. Исто така има прочистувачки за крвта и бубрезите својства, што помага за елиминирање на токсините. Може да се консумира како чај или да се додава кон друг вид билен пијалок.
Глуварче
Листовите на глуварче се едни од најдобрите природни диуретици. Потрошувачката на чај од листови на глуварче помага за зајакнување на бубрезите, елиминирање на вишокот течности, смирување на дразбите од уринарниот систем.
Коприва
Копривата е уште една одлична билка која може да се користи за лекување на инфекции на уринарниот тракт. Таа има диуретичен ефект, додека ги елиминира бактериите од бубрезите и уринарниот тракт. Копривата ќе го намали и ризикот од појава на анемија и ќе дејствува на детоксикацијата на организмот.