Дали би дале 37.360 евра за папучи? Можеби ќе одговорите дека не, но папучите кои некогаш му припаѓале на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, беа продадени на аукција во куќата Белманс во Лондон за 32 000 фунти односно 37.360 евра.
Станува збор за темно сини кадифени влечки кои се носеле во 50-тите години на минатиот век.Се сметало дека тие ќе бидат продадени за 10.000 до 15.000 фунти, но нивната цена скокнала заради „војната“ од понуди од Велика Британија и Америка.На крајот, победи анонимен купувач од Велика Британија, изјави портпаролот на Белманс.
На истата аукција, продадена е и чашата на Черчил за коњак од почетокот на шеесеттите години за 15 000 фунти, што исто така е значително повеќе од претпоставената цена.
И во овој случај купувачот е од Велика Британија.Семејството на Черчил ги продаде двата предмети преку Сотби во 1998 година, кога ги купи денешниот продавач.
Винстон Черчил еден од најголемите политичари на минатиот век, ја водеше земјата до победа во Втората светска војна и беше клучна фигура во креирањето ан европската политика. Почина во 1965 година на 90-годишна возраст.