Ретка медицинска состојба ги разделила близначките Кора и Милер МекКој во текот на првите седум месеци од нивниот живот.
Тие биле дијагностицирани со синдром на близначка трансфузија и селективно ограничување на интраутериниот раст, што влијаело на нивниот раст во матката.
Девојчињата се родени во 30-та недела. Кора е родена со тежина од 1.615 грама, додека Милер тежела само 500 грама. Тие биле разделени до овој месец. Милер била во болница поради срцева слабост и се сретнале на 1 ноември. Тој момент на нивно запознавање е снимен со камера и објавен на Инстаграм.
„Првиот пат сите се собравме затоа што девојчињата беа разделени кога имаа три недели. Беше навистина емотивно. Тие инстинктивно се држеа за раце”, изјави нивната мајка Линдзи за локалната станица Alive 11.
Милер се опоравува од опера цијата и родителите се надеваат дека наскоро ќе замине дома.