Божја работа во црква во Грција: Икона на македонката Св. Ирина започнала да…

- Advertisement -

Неверојатни реакции во цела Грција, како и низ целиот свет, предизвика веста за крвоточењето на иконата која се наоѓа во црквата посветена на Св. Ирина, во Вати на островот Самос.

После разговорот со вработените во митрополијата на Самос, беше јасно дека не станува збор за икона на Божјата Мајка, како што беше соопштено во почетокот, туку за уникатната икона на Светата Великомаченица Ирина, која се наоѓа тука уште од 1970 год., кога била изградена црквата.

Како што изјавија изворите во митрополијата, за чудото беше соопштено уште од мај оваа година, и од тогаш тоа внимателно се набљудуваше, за да се открие што би можело да значи.

- Advertisement -

Членови на полицијата на Самос раскажаа дека чудото било забележано уште во ноември минатата година, кога од десното око на Св. Ирина се појавила солза.

Три месеци подоцна, во февруари 2015 год., повторно била забележана солза од левото око на Светителката. Но во мај чудото се повторило со поголемо количество течност, и потоа стана јасно дека солзите се слични на крв.
Тогаш било соопштено во митрополијата, и чудото започнало повнимателно да се следи.

Поради големото внимание на народот од цела Грција можеби следната недела за времето на евентуалната посета на храмот, Митрополијата Самос ќе даде официјална изјава во врска со овој феномен, за да можат сите верници да се поклонат на светиот образ.

- Advertisement -

Св.Вмч Ирина потекнува од градот Македон, Македонија!

Последни објави

spot_img

Поврзани објави