Брачен пар посвои седум дечиња кои ги изгубија родителите во сообраќајна несреќа

- Advertisement -

Пам и Гери Вилис им дадоа топол дом на седум братчиња и сестричиња кои ги изгубија родителите во сообраќајна несреќа.

Иако им следувало заминување во пензија, брачните партнери од Калифорнија, кои имаат пет биолошки деца, без размислување ги посвоија седумте дечиња.

„Не можам да објаснам – едноставно знаев дека јас требаше да им бидам мајка“ – изјавила Пам. „Длабоко во нас знаевме дека оваа мисија ни беше поставена пред нас. Ако не ние, тогаш кој?“ – додала таа.

- Advertisement -

Семејство ВилисСемејство ВилисСемејство Вилис
За време на процесот на посвојување, Пам дознала дека децата имаат минато низ многу трауми. Нивните родители се бореле со зависност од пороци, па поради тоа често живееле во засолништа за бездомници и немале доволно храна за да се прехранат.

За најстарата ќерка, Пам вели дека била многу одговорна и секогаш како мајка се грижела за своите братчиња и сестрички. „Руби не знаеше како да биде дете. Таа мораше да влезе во улога на мајка уште од рана возраст.“

„Сметам дека е тешко да веруваш, кога толку многу нешта ти се одземени во животот“ – додава Пам.

Семејство ВилисСемејство ВилисСемејство ВилисСемејство ВилисСемејство ВилисСемејство Вилис
Посвојувањето било финализирано во август минатата година. Аделино (15), Руби (13), Алесија (9), Ентони (8), Обриела (7), Лео (5) и Ксандер (4) конечно го добија семејството кое го заслужуваат.

Пам и Гери споделија фотографија на која позираат со сите 12 деца.

Пам и Гери споделија фотографија на која позираат со сите 12 деца.

На профилот Second Chance 7 на Instagram, Пам споделува бројни семејни фотографии.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави