Бугарка ги има НАЈГОЛЕМИТЕ УСНИ, лекарите ја предупредуваат, таа не запира со операции (ФОТО+ВИДЕО)

- Advertisement -

Студентката на универзитетот во Софија, Андреа Иванова, позната како „бугарската Барбика“ поради бројните козметички и хируршки зафати на усните може да остане без нив, но нема намера да запре.

Во усните таа добила вкупно 25 инјекции на хијалуронска киселина, а последната – минатата недела. Според неа, таа ги има најголемите усни на светот.

Таа има 23 години, а започнала со козметички операции во 2018 година

- Advertisement -

Ги посетила практично сите клиники за убавина во Софија и ги испробала скоро сите видови полнила.

И покрај постојниот ризик, Иванова вели дека нема намера да ги запре интервенциите.

„Постои ризик да ослепам и да ми се отстрани органот – усната. Постои ризик, бидејќи е можно да се појавила дехидрираност поради инјекции на хијалуронска киселина. Се надевам дека нема да има фатални последици, затоа што секоја недела одам кај специјалист. Постои реална опасност, но јас нема да престанам да интервенирам“, изјави таа за „Бугарија денес“.

- Advertisement -

Покрај усните, Андреа има намера да го смени обликот на лицето и да ја скрати брадата.

„Нема граници за мене“, рече Иванова, додавајќи дека сака да има најголеми гради – ако не во светот, тогаш во Бугарија.

- Advertisement -

Како што вели, таа веќе имала зголемување на градите, но има намера во иднина повторно да оди на операција.

Андреа поради својот изглед има добиено неколку покани за учество во разни емисии, вклучително и во Америка. Минатиот октомври таа рече дека е поканета да учествува во програма во Лос Анџелес, но дека сè е одложено поради коронавирусот.

Како што вели, критичарите не ја допираат, и секој ден добива илјадници пораки од целиот свет со комплименти на усните, изгледот и стилот.

Иванова додаде дека има и позитивни и негативни коментари, но дека негативните главно ги пишуваат жени.

Претходно, британскиот таблоид „Сан“ напиша дека на девојката и е тешко да дише поради хијалуронска киселина, бидејќи усните почнуваат да и ги затвораат ноздрите.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави