Бујар Османи: Во химната не се споменуваат еден голем дел од граѓаните

- Advertisement -

Промена на трите државни симболи, знамето, грбот и химната било дел од разговорите меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети.

Ова вчера во интервју за ТВ Клан го изјавил владиниот коалиционен партнер Ахмети. Тој во интервјуто истакна дека прашањето за промената на химната е веќе извесно и дека за тоа немало, како што вели, поголемо противење од неговиот политички партнер.

„Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците.

- Advertisement -

Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“ изјави Ахмети за ТВ Клан.

Во истото гостување во Клан ТВ, Ахмети посочи и дека неговата партија планира да соработува со СДСМ на локално ниво во пресрет на изборите, зашто, како што вели, тоа е во интерес на двете партии.

Во јавноста денеска се појави наводна изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети во која се вели дека се преговара со премиерот Зоран Заев за промена на химната, знамето и грбот.

- Advertisement -

Промена на државните симболи (химната, знамето или грбот) ниту било разговарано, ниту стигнал предлог тоа да биде разговарано, ниту во Владата, ниту во СДСМ, истакна пратеничката на СДСМ – Снежана Калеска-Ванчева, во „Топ тема“ на ТВ „Телма“, пренесува „Локално“.

Калеска потенцираше дека таков предлог никогаш не бил дел од било каков коалициски договор и рече дека не верува дека такви разговори се почнати или дека наскоро да започнат. Таа подвлече и дека нејзиниот став е дека за промена на државните симболи не треба ниту да се дискутира.

- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, сакајќи или не, ја наметна темата со тоа што во вчерашното гостување во ТВ „Клан Македонија“ рече дека промената на химната е прашање на време. Од кабинетот на Заев, во меѓувреме, демантираа дека такво нешто било преговарано.

Бујар Османи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ги демантираше тие пишувања во медиумите, и кажа дека тоа е несериозно пренесување на изјава.

-Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот.

Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се не спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат.
А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат, вели Османи.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави