Еве како да направите селско месо, гулаш, компир манџа на брз и едноставен начин за само 20 минути. Ова е наједноставниот рецепт со месо од тегла. Тое е толку вкусно што нема да може да одолеете и може веднаш да го јадете директно од тегла.
Ако веќе сте направиле, познат ви е неговиот вкус, а доколку сè уште не сте го пробале, следната пригода направете го и нема да зажалите.
Овој рецепт е многу лесен и сугурен начин за чување на месото. Најдобро од сè е што не мора да го чувате во фрижидер. Поточно станува збор за еден стар начин на конзервирање на месото.
Состојки:
- 2 кг свински бут
- 2 кг свинска плешка
- 800 гр. свежа сланина (100 гр. по тегла)
- 2 супени лажици сол
- ловоров лист по желба
- црн бибер во зрно по желба
- Дадената количина е за 8 тегли (од 700 мл).
Начин на подготовка:
Месото исечете го на коцки со големина од 5-6 см. Сланината исечкајте ја колку можете поситно, на ситни коцкички. Месото може да го зачините само со сол и убаво да го измешате со раце. Потоа полнете ги теглите и убаво притискајте го месото за да има што помалку празен простор.
Одозгора ставете малку сечкана сланина, притиснете и оставете да има малку празен прстор, околу еден сантиметар под капакот. Потоа затворете ги добро теглите со метални капачки.
Во длабоко тенџере на дното ставете неколку кујнски крпи или хартија. Во тенџере од 10 литри може да се стават точно 8 тегли од 700 мл. Откако добро ќе го обложите дното на тенџерето, истото сторете го и со теглите. Секоја тегла завиткајте ја во хартија или крпа. Фукнкцијата на ова завиткување на теглите е да се спречи нивно допирање и кршење кога ќе врие водата.
Наполнете го тенџерето со вода која ќе допира до капачките. Загревајте на умерена температура, а откако ќе зоврие водата, теглите варете ги уште 2,5 часа.
На приближно 15-тина минути мора да го дополнувате тенџерето со врела вода, како што таа ќе испарува. Кога ќе завршите со варењето (после 2,5 часа), не ги вадете веднаш теглите од тенџерето, туку оставете ги внатре додека целосно да се оладат до собна температура.
Затоа наместо да го замрзнувате месото во фрижидер, чувајте го во тегли на овој начин. Јадењата приготвени со него се превкусни, но и многу брзи за подготовка. Месото се додава 10-тина минути пред крајот.