Вакцинирајте се сега, септември ќе биде веќе доцна, апелира професорот Огнјан Кунчев од Бугарската Академија на науките при неговото гостување во студиот на БНТ.
„Ние сме ориентален тип на општество – живееме заедно три генерации и нема шанси децата од училиште да не можат да го пренесат вирусот на нивните 40-годишни родители и 60-70-годишни баби и дедовци.
Математичарот Кунчев се осврна и на долгиот период на инкубација на вирусот, па како што вели во просек, болеста меѓу поголемиот број население е околу 6 дена, ретки се оние кои се разболуваат на 15-тиот ден, а корона вирусот трае 20-25 дена.
Во однос на карнатинот вели дека ништо не може да се постигне за 10 дена. Според него затворањето треба да биде 25 дена затворање
-Не треба воопшто да мислиме дека нема да има четврти бран, тоа може да се очекува во септември. Со оглед на тоа дека нема масовна вакцинација – моделите покажуваат дека ако 150.000 луѓе се вакцинираат месечно, ноември-декември можеме да ставиме крај на епидемијата во Бугарија. Без масовна вакцинација, долгорочната прогноза покажува дека епидемијата во нашата земја ќе заврши во јуни 2022 година.