Ви споделуваме една поучна приказна со цел да ги осознаеме вредностите на нашиот живот.
Јас: Господе, може да те прашам едно прашање? Бог: Секако Јас: Зошто дозволи толку многу работи да ми се случат денеска? Бог: Што сакаш да кажеш? Јас: Па,се разбудив утрото доцна.. Бог: Да
Јас: Мојата кола не можеше да запали Бог: Добро Јас: За ручек ми направија погрешен сендвич и морав да чекам Бог: Хммм
Јас: Кога се враќав накај дома,ми се исклучи телефонот баш кога сакав да се јавам Бог: Во ред Јас: Згора на тоа, сакав да си ги релаксирам нозете со новиот масажер, но не работеше. Сега кажи ми, зошто се случија такви работи денес?
Бог: Да видам, ангелот на смртта беше во твојот кревет утрово и морав да пратам еден ангел да се бори со него за твојот живот. Мораше да го преспиеш тоа. Јас (понизно): Ох.. Бог: Не дозволив да запали твојата кола бидејќи имаше пијан возач на твојот пат кој ќе удреше во тебе на патот. Јас: (посрамено)
Бог: Првата личност која ти направи сендвич денеска беше болна и не сакав да се разболиш од истото и ти, знам дека не можеш да изостанеш од работа. Јас (благодарно):Добро Бог: Телефонот се исклучи бидејќи личноста која те бараше сакаше да земе лажна изјава од тебе со тој повик, но вака беше покриен… Јас (нежно): Сфаќам Господе Бог: А за тој масажерот за нозе, не работеше бидејќи имаше краток спој ,и ќе ја исклучеше сета струја во куќата, и не сакав да седиш во мракот…
Јас: Извини Господе
Бог: Не жали, туку научи да Ми веруваш…. Во сите работи, Добри или Лоши. Јас: Ќе ти верувам. Бог: И не се сомневај дека Мојот план е подобар од твој план за денеска. Јас: Нема Господе. Само да ти кажам,благодарам за се денеска Господе. Бог: Повели и другпат, дете. Секој ден сакам да се грижам за моите деца… -Бог е добар!