Ве молам, вакцинирајте ми ги децата Лидија и нејзиниот сопруг умреле од Ковид, а зад нив оставиле 4 сирачиња

- Advertisement -

Според пишувањата на локалните медиуми, родители на четири деца од Тексас, Лидија (42) и Лоренс (49) Родригез починале како последица од коронавирусот.

Лоренс бил хоспитализиран во јули а починал кон почетокот на месец август, додека пак неговата сопруга Лидија по 30 дневна борба со вирусот починала во понеделникот.

Доти Џонс, роднина на двојката, за Еј-Би-Си изјавила дека Лидија и Лоренс не верувале во вакцините.

- Advertisement -

Сепак, додека тие мислеле дали да примат или не вакцини, вирусот ги нападнал и двајцата биле хоспитализирани на интензивна нега.

Пред да биде ставена на инкубатор таа на својата сестра и кажала “Те молам, вакцинирајте ми ги децата”. Таа сега ќе беше тука меѓу нас доколку беше вакцинирана.

Жал ми е што луѓето веруваат во дезинформациите кои се шират. Тие лажни вести убиваат луѓе, изјавила Џонс.
По смртта на родителите, четирите дечиња се згрижени од страна на најблиското семејство.

- Advertisement -

Ова е приказна која може да му се случи на секое семејство. Не сакам никого да исплашам, туку само сакам луѓето да сфатат дека вирусот е реален,а овој делта сој е набруталниот досега. Срце ми се кине и премногу ми е тешко за децата, заклучува Џонс.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави