Френк Стивенсон, поранешен дизајнер на Ферари, заслужен за дизајнирањето на Ферари Ф430 и ФХХ, го оценил Ферари Рома со импресивни 9,5 од 10.
Останатите 0,5, остануваат за некои прилагодувања што Френк би ги направил за да го направи грандиозниот автомобил совршен во неговиот очи ..
Во едно видео објавено од каналот SupercarNews на YouTube, Ферари Рома заглави во тесна италијанска улица.
Не сме сигурни што точно се случило, но возачот се чини дека мислел дека неговата Рома не е толку широка, барем не како тесната уличка низ која се движел.
Рома не е мал автомобил – со ширина од 197 сантиметри и должина од 466 сантиметри, тој е подеднакво широк и неколку сантиметри подолг од 488 Писта.
Останува непознато колку била широка италијанската уличка, но Италија е позната по тесните улички.
Причинетата штета не е прикажана, но се чини дека Ферари претрпел голема штета. Многу е веројатно дека на браниците останале длабоки гребнатини,кои исто така ќе остават трага на паричникот на сопственикот.