Десетици илјади школки, морски ѕвезди и полжави се буквално сварени за време на рекордниот топлотен бран во Канада, пишува Бизнис Инсајдер.
Крис Харли, морски биолог на Универзитетот во Британска Колумбија, почуствувал смрдеа на плажата Кицилано во Ванкувер.
Тој за канадската ЦБЦ изјавил дека бил запрепастен од она што го пронашол.
Британска Колумбија беше погодена од рекордно високи температури, а највисоката температура беше измерена на 29 јуни – 49,6 степени Целзиусови.
Не е јасно кога умреле морските животни. Харли рече дека повеќето изумрени видови можат да издржат температура до 30 степени Целзиусови.
Угинувањето на овие животни привремено ќе влијае на квалитетот на водата во областа. Имено, некои школки го филтрираат морето, рече Харли.
Тој исто така рече дека повеќе од милијарда мали крајбрежни животни кои живеат долж погодениот брег на Салисовото Море, може да умрат.
Температурите во Канада биле толку екстремни што шумските пожари создале пирокумулинумбуси, облаци кои можат да создадат торнада и молња и на тој начин да предизвикаат пожари.
Ова не е првпат топол бран да предизвика ваква ситуација. Во Бодега Хед, залив на брегот на Калифорнија, топлотниот бран во 2019 година предизвикал најголемо уништување на школките досега.