Сите се луди по овој рецепт за лесни ќофтиња од компири




Лесни, а многу вкусни ќофтиња од компир кои не впиваат многу масло. Однадвор се крцкави, а одвнатре меки и сочни со полн, заситен вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 кг компири варени
- 200 г кашкавал
- 200 г шунка/салама/пилешко месо
- 2-3 лажици млад кромид (само лист)
- сол, црн пипер по вкус
- благ буковец зачин (крупно мелена црвена зачинска пиперка)
- 2 јајца
- 100 г брашно
- 100 г лебни трошки/презла




ЗА ПОХУВАЊЕ:




ПОСТАПКА:
Компирите убаво измијте ги, излупете ги и ставете ги во тенџере со вода и малку сол да се варат околу половина час, додека да омекнат. Вишокот вода исцедете ја, па испасирајте ги. Кашкавалот исечкајте го на многу ситни коцкички или изрендајте го, а исто така и шунката или пилешкото месо (по желба). Додадете ги во испасираниот компир.




Во смесата додадете една рака ситно сечкан лист од млад кромид (2-3 супени лажици), зачинете со лажичка сол, малку црн пипер и лажиче крупно мелена блага пиперка (буковец).




Измешајте убаво додека да се изедначи смесата. Потоа кинете од неа и формирајте ќофтиња. Похувајте ги прво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во презла (лебни трошки).




Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат убаво од двете страни. Вадете ги во чинија со хартиена салветка и послужете како прилог или главно јадење. Деталте од постапката можете да ги погледнете во видеото: