(видео)Супер брз оброк Пробајте јасно ќе ви биде зошто често го правам

- Advertisement -

Ова е еден брз и практичен ручек за сите оние луѓе кои брзаат и немаат многу време за в кујна, а сепак сакаат да се хранат со домашно подготвено јадење. Со овој рецепт добивате полно тенџере одлично и многу вкусно јадење. Не го пропуштајте овој рецепт, одлична идеја за сите.

Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 1 голема пиперка (половина црвена + половина зелена), 500 г јунешко месо, 3 супени лажици масло, сол, црн и црвен пипер, оригано, 1 домат, 3 чешниња лук, 500 мл доматен сок/пире, 250 мл вода, 400 г тестенини, 200 мл неутрална павлака за готвење

- Advertisement -

ПОСТАПКА: Во широко тенџере сипете три супени лажици масло и додајте ситно сечкан кромид и пиперка. Посолете со една лажичка сол и динстајте го зеленчукот две минути додека да омекне. Потоа додајте 500 г мелено јунешко месо.

Зачинете со половина мала лажичка мелен црн пипер и една полна лажичка слатка зачинска црвена пипер во прав. Можете да додадете и малку суво оригано по вкус (јас додадов една лажичка). Добро промешајте за рамномерно да се распоредат зачините.Динстајте го месото со повремено промешување додека убаво да се испржи и да ја промени бојата. Потоа додајте еден ситно сечкан свеж домат и три чешниња лук, исто така ситно исечкани. Промешајте и додајте 500 мл доматен сок и една чаша вода (250 мл).

Веднаш, во вака приготвениот сос додајте несварени макарони или тестенини по ваш избор. Промешајте за да се натопат сите макарони подеднакво и оставете ги да се готват 20 минути на умерена температура. Поклопете го тенџерето и повремено промешувајте.

После 20-тина минути додајте 200 мл неутрална павлака за готвење, промешајте и „крчкајте“ го јадењето уште 5 минути. Вашето вкусно јадење е спремно за послужување.

 

Последни објави

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО Дали имате дигестивни проблеми, дали страдате од непријатен мирис на пот и лош здив?...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро...

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор Сите сме имале многу пати...

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА!

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА! На секои 10 l вода додадете 250 гр сол и...

Поврзани објави