(Видео) Драма на прес-конференцијата на штипскиот градоначалник: Поранешен пожарникар упадна среде обраќање и бараше одговори од Николов

- Advertisement -

Поранешен пожарникар упадна на прес-конференција на градоначалникот на Штип, Сашко Николов по повод Денот на пожарникарите.

Александар Ѓеорѓиевски прво ги турнал новинарите за да помине, а потоа застанал позади градоначалникот, од каде неколкупати истакнал дека има право да постави неколку прашања.

Страстите се смирија од двете страни, па пресот продолжи, по што Ѓеорѓиевски побара одговор, зошто Николов не му одговорил на неговите барања повторно да се врати на работното место во Противпожарниот дом, со ветување дека платата ќе ја донира во хуманитарни цели.

- Advertisement -

Ѓеорѓиевски побара и одговори дали локалната власт знае во каква состојба е Противпожарниот дом и кога пожарникарите ќе добијат нова опрема.

Николов најави и дека наскоро ќе пристигне и новото противпожарно возило,а хуманираната работа на Ѓеорѓивски ќе биде вклопена во Солидарниот фонд

Последни објави

spot_img

Поврзани објави