Изминатиов период на социјалните мрежи почна да кружи видео од едно талентирано момче од Србија чиј глас едноставно го воодушеви регионот.
Српската новинарка Весна Малишиќ на својот фејсбук-профил сподели видео од момче, кое веројатно е дел од тимот на комуналните служби во Белград. Но, нема дополнителни информации за него, ниту дали станува збор за некаква анкета и дали бил случајно снимен или новинарката знаела за неговиот извонреден талент.
На почетокот на видеото се слуша дека момчето го прашуваат кој е неговиот омилен пејач, а тој одговори со стихови од една од најпознатите песни на Тоше Проески отпеана на српски јазик „Боже, брани је од зла“.
Слушнете ја неговата фантастична изведба која нема да ве остави рамнодушни:
„Одличен. Подобар од пола естрада“, „Прекрасно. За разлика од некои кои имале среќа и нешто повеќе, тој има само талент“, „Феноменално“, „Ви благодарам што го споделивте ова со нас. Ми го разубави не само денот туку и следниот месец.
Опуштен, насмеан, природен, празник и за очи и за уши“, беа само дел од коментарите под видеото./slobodenpecat.mk