- Advertisement -
Доколку не сакате да пеглате или можеби немате доволно време за тоа, корисниците на Тик Ток споделија интересен трик со кој згужваната облека ќе изгледа како пеглана без пегла. За ова ви се потребни само три состојки.
Во шише со распрснувач ставете две чаши вода, една лажица алкохолен оцет и регенератор за коса. Испрскајте ја облеката, израмнете со раце и почекајте да се исуши.