[ВИДЕО] Рецепт за кремаст сочен компир кој мора да го пробате – тајната е во овие две состојки
Доколку сте љубители на компири, тогаш испробајте го овој рецепт за компири со два вкусни додатоци – лук и павлака за готвење.
Потребни состојки:
- 1 кг. компири
- сол, црн бибер, оригано
- масло за јадење
- 200 мл. павлака за готвење
- 3 чешниња лук
- магдонос
Начин на подготовка:
Исчистете ги компирите и исечкајте ги по желба. Посолете и додајте бибер и масло, па измешајте со раце. Во тава ставете масло да се загрее.
Кога ќе се загрее, ставете ги компирите и поклопете. Намалете ја температурата и пржете, вртејќи ги компирите неколку пати. Во чинија издробете 3 чешниња лук и додајте 200 мл. павлака за готвење и малку оригано.
Додајте ја павлаката во компирите и промешајте. Поклопете и оставете да крчка уште неколку минути. На крајот додајте малку магдонос.