(Видео) Ја загубил работата поради Ковид – денес заработува милиони на ТикТок

- Advertisement -

21-годишниот Кнаби Ламе до март минатата година бил работник во фабрика во италијанскиот индустриски град Чивасо.

Поради Ковид ја загубил работата па без никакви приходи се вратил во домот на своите родители, Сенегалци доселени во Италија. Татко му го молел да пронајде нова работа по отказот во фабриката, но Кнаби се посветил на своето хоби.

Денес Кнаби Ламе е едно од најпрепознатливите лица на светот, и тоа благодарение на ТикТок. Таму го следат 99,9 милиони луѓе, а неговите видеа на ТикТок имаат повеќе од милијарда и пол лајкови.

- Advertisement -

Со толку голем број следбеници се проценува дека ѕвездата на социјалните мрежи вреди милиони, а „Celebs live reel“ извести дека вреди меѓу еден и два милиони долари. Меѓутоа, таа бројка сега и поголема со оглед на тоа дека неговиот број на следбеници продолжи да расте.

Според пресметките, тој може да заработува до 20 илјади долари по објава, но проценката е направена во момент кога го следеле нешто повеќе од 20 милиони луѓе. Заработката денес е пет пати повисока.

Инаку, видеата му се базираат на често непотребните, т.н. „life hacks“, укажувајќи на нивните апсурди. Младиот Тиктокер покажува како истата таа задача може да се изведе на многу поедноставен начин.

</

Последни објави

spot_img

Поврзани објави