- Advertisement -
Младата Јелена Арменска од Берово е меѓу преживеаните дваесетина лица кои ги спаси 19-годишниот херој од Виница, Јован Костадинов.
Преживеаната Арменска која прво се лекуваше во Скопје, а потоа и во Мадрид, застана пред камера и раскажа дека денеска е жива и здрава благодарение на Костадинов.
Зедно со Јован сведочеа за една од најголемите трагедии во поновата македонска историја за порталот „Делчево 365“.
- Advertisement -
„Преживеав благодарение на Јован. Се лекував и во болница, бев прво на Токсикологија, па на Карил и на крај завршив во болницата во Мадрид каде што бев една недела“, раскажува таа.
„За среќа, јас и моите две другарки се спасивме, здрави и живи се вративме“, дополнува таа.