Виолета од Ерџелија: И жена и маж сум во куќата, ми доаѓа да идам негде и да не се вратам

- Advertisement -

Виолета Давиткова од с. Ерџелија, светиниколско има 46 години, се омажила доста млада, потекнува од Крива Паланка, но на 17 години се мажи го добива првото дете на 19 години и второто женско. Но очигледно овие моменти ќе останат единствените среќни моменти во нејзиниот живот.

Во емисијата ,,Срце на Дланка” таа вели дека млада влегла во светот на возрасните, условите во кој што живее во куќата, заедно со својот болен сопруг и болен син е повеќе од очајна, како што вели уморна е веќе да биде се во куќата.

- Advertisement -

– Потекнувам од Крива Паланка, се омажив млада, иако имаше сиромаштија животот колку толку беше добар, но се до 2012 година кога мојот живот нагло се смени.

Сопругот доби два последователни удари, и западна, и кога мислев дека нема ништо полошо од тоа столбот на куќата да залегне, поголема болка е да си го гледаш детето беспомошно, кој дотогаш носеше леб во куќата и беше здраво и право дете, само две години по случката со сопругот,и мојот син наеднаш залегна во кревет- вели низ солзи Виолета

Барајќи излез од оваа ситуација нејзината ќерка заминала во Скопје да бара работа, се омажила но и таа се соочувала со големи проблеми.

Имала операција и и ја отсраниле слезината, како што вели Виолета никој тогаш немало покрај неа, тоа многу тешко и паднало но ,неможела да ги остави синот и сопругот кој се во лоша состојба.

– Син ми Стојан залегна во кревет, има големи болки, фатен е и во рацете и во нозете, од мака почна да зобрува сам со себе и ден денеска неможат да му постават дијагноза, го лечат со дизаепами и бруфени, го исклучија од здраството.

Неможам ниту да ги искапам, тешки се, немам ни услови синот само го пресоблекувам, не е капен 7 години, имам една комшивка тааа помага колку толку. И јас сум болна и под стресови, немам мирни ноќи.

Виолета е се во куќата, се бори со сиромаштијата и со ситуацијата на секој можен начин, носи дрва од шумата, на сета ситуација била приморана да купува и количка за дрва.

Побарала дрва за огрев од социјалните служби но тие таму ја одбиле, а како што вели е спротивното и дека има многу кој зеле дрва. Се труди да обезбеди оброк, но како што вели се случува и да нема секој ден.

-И мајка сум и татко и жена и маж во куќата . Ми доаѓа да идам негде и да не се вратам, син ми вели немој мамо ако ти отидеш јас не ќе можам без тебе. Парите што ги зимам стигаат колку за лекови. Имам само две желби, детето да ми оздраве и да си ја направам куќата, Барам помош кој колку може, бидејќи нивното малку за мене е многу.

Како што вели таа институциите ги нема никаде, и немат слух за оваа состојба а сите кој сакат да помогнат на било каков начин на ова семејство тоа може да го сторат на 075-304- 405.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави