Внимавајте во која положба спиете: Една е многу лоша, а друга е најдобра за вашето здравје

- Advertisement -

Сите имаме омилена положба за спиење. Сепак, тоа не значи дека секоја положба е добра и за нашето здравје.

Постојат три класични положби за спиење, но само една од нив е најдобра. Прочитајте која и зошто.

На стомакот

- Advertisement -

Ова е најлошата положба за спиење. Мускулите на главата, вратот и вилицата се згмечени, вкочанети се зглобовите, а исто така лоша е и положбата на долниот дел на грбот и карлицата. Замислете дека цедите мократа крпа, тоа е истото што му го правите и на вашите мускули во сонот. Исто така, доколку спиете на стомак не можете добро да дишете.

На грбот

Спиењето на грб е подобра опција, но овде најизразен проблем е дишењето. На овој начин вилицата се извртува, јазикот “пропаѓа” до грлото блокирајќи го воздухот. Оние луѓе кои спијат на грб најчесто имаат проблеми со хрчење.

На страна

Најдбора положба за спиење е кога вашето тело е странично поставено на душекот, а уште подобро доколку имате добра потпора за главата. Од невролошка и мускулна перспектива, ова е најблагодарниот начин за спиење кој му прави добрина на вашето тело. Оваа позиција е добра и за варењето во дигестивниот систем, посебно доколку спиете на левата страна.

Доколку сте свесни дека сонот е од голема важност за менталната, телесната и емоционалната состојба, знаејќи дека не е важно колку долго спиете туку и колку квалитетно спиете, добро размислете за тоа во која положба ќе си легнете вечерва.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави