Во Белград се вакцинираше италијанскиот плејбој Џанлука Ваки

- Advertisement -

Популарниот италијански милионер, 52-годишниот Џанлука Ваки, беше вакциниран денес во Србија, на Белградскиот саем.

Џанлука пристигнал во Белград со приватен авион, а според српските медиуми, допатувал само заради вакцинирање против коронавирусот. Според тамошните медиуми, италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така ќе биде ревакциниран за три недели.

Според објавите на социјалните мрежи италијанскиот милионер додека се вакцинирал ја соблекол маицата за да го покаже своито фит – тетовираното торзо, а притоа бил добро расположен.

- Advertisement -

Преку својот инстаграм – профил на кој го следат повеќе од 20 милиони луѓе, тој и се заблагодари на Србија.

Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе добие втора доза од вакцината. Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран без маица, а бил видно расположен и насмеан.

Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива во убави девојки, Ваки тренира секој ден, неговото тело е целосно покриено со тетоважи, а и не е можно да се претпостави колку години има Италијанецот, пишува „Блиц“.

Тој неодамна доби ќерка со својата 28-годишна партнерка Шарон, која гордите родители ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави