Во борбата против потењето ќе ви помогнат овие неколку работи

- Advertisement -

Кога надвор се многу високи температурите нашето тело се разладува со потење. Сепак, тоа може да биде многу непријатно доколку не можеме да го контролираме. Сепак, постојат неколку намирници со чија помош можете да го ставите потењето под контрола.

Потењето е природен обиед на телото да ја симне телесната температура. И додека физичкиот напор како и престојот во топол простор предизвикуваат засилено потење, тоа неретко се манифестира и при стресни и напнати ситуации. Дознајте кои се четирите природни сојузници во борбата против потењето, кои значително ќе ви ги олеснат претстојните летни денови.

ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

- Advertisement -

Јаболковата киселина делува како природен дезодоранс, бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно да си ги пребришете пазувите: направете раствор од јаболкова киселина со вода во однос 2:1, натопете на памук, па пребришете ги оние делови од телото кои почесто ви се потат. Постапката повторете ја секоја вечер пред спиење.

СОДА БИКАРБОНА

Со оглед на нејзиното пакување, можете да си ја носите и со себе, па кога и да ви затреба да ја искористите, бидејќи таа е најголемиот и најефикасниот сојузник во борбата против потењето. Додадете прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и нанесете под пазувите. Истријте ја кожата, оставете да се исуши и со хартиено марамче отстранете го вишокот од прашокот.

ЦРН ЧАЈ

Танините кои обилуваат во црниот чај, содржат киселина која делува како природен антиперспирант. На тој начин влијае врз жлездите и го намалува претераното потење. Сварете половина шолја вода и во неа додадете црн чај. После една минута извадете ги кесичките и ставете ги на тацна да изладат. Ставете ги кесичките под пазувите или на местата каде потењето е засилено, оставете да делува 5 минути, па отстранете ги.

ЛИМОН

Лимонот доста долго низ историјата се користел за контролирање на телесните мириси, па и против појачано потење. Цитричната киселина ги убива бактериите, па лимонот делува како природен дезодоранс, но после третирањето со лимон би требало да го одбегнувате излегувањето на сонце. Лимонот исечете го на половина и истријте се со него на пазувите. Оставете да делува 15 до 30 минути, па исплакнете со ладна вода.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави