Во Македонија детектиран јужноафрикански сој на коронавирусот

- Advertisement -

Африканскиот сој на коронавирусот бил изолиран во Институтот за јавно здравје во Скопје, дознава Слободен печат. Високи извори од Министерството за здравство ја потврдија информацијата и рекоа дека се работи за случај од март месец.

Според анализите на ИЈЗ од 1 март до 15 април, кај едно лице од Делчево било детектирано присуството на јужноафриканскиот сој на вирусот Сарс Ков 2. Пациентот е оздравен и повеќе не е ковид-позитивен.

Освен за овој пациент досега нема детектирано присуство на јужноафриканскиот сој кај други позитивни пациенти, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави