- Advertisement -
Доколку ова лето се одлучите да летувате во Саранда тогаш треба да знаете дека не се потребни посебни документи за влез во Албанија, но и дека има навистина прифатливи цени.
Во споредба со останатите дестинации во регионот, Саранда освен преубави плажи нуди и цени прифатливи за сечиј џеп. Комплет од две лежалки и чадор ќе ве чинат околу 10 евра. За ручек во некој бар за брза храна ќе треба да одвоите 5 евра за две лица, додека оброк во ресторан ќе ве чини околу 15 евра.
Шише вода чини половина евро, газиран пијалак едно евро, а пивото, зависно дали е домашен или увезен бренд, од 1-2 евра. Цените во супермаркетите се речиси исти како и повеќето цени на намирници кај нас.