И жените и мажите сакаат да имаат убави и негувани раце и стапала. Ова важен дел од хигиената и изгледот.
Затоа користиме различни производи со кои се обидуваме да го постигнеме саканиот резултат. Тоа обично се креми, масти и лосиони за кожа, универзални или специјални за раце, нозе и сл. Меѓутоа, понекогаш не се постигнуваат така лесно саканите резултатите, па и покрај потрошените пари, остануваме разочарани.
Но, она што е добро, е дека сепак постои решение и тоа кое нема многу да ве чини.
Рацете имаат многу малку лојни жлезди, па затоа се склони кон исушување. Покрај тоа, рацете се неуморни и речиси во текот на целиот ден се зафатени со некоја работа, па честопати забораваме дека тие се нашиот украс.
Луѓето кои немаат доволно време за да посветат на негата на рацете и ноктите, неретко се срамат и ги кријат од погледите на јавноста, ги чуваат во џебови или ги задскриваат зад долгите ракави.
Меѓутоа, со овој рецепт нема потреба да одвојувате многу парични средства или време, за да имате убави раце и стапала. Потребни ви се само две состојки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:фармацевтски глицерин (глицерол) и медицински алкохол 70%
ПОСТАПКА:
И двата производи можете да ги купите од било која аптека. Измешајте ги во однос 1:1. Втријте ја мешавината врз грубата кожа, наутро и навечер.
После десет дена ќе забележите фантастични резултати. Петите ќе ви станат розеникави, меки и нежни, а ноктите ќе добијат убав сјај.
Истата смеса можете да ја користите и за грубата кожа на лактите. Оваа смеса е евтина, достапна и што е најважно, ефикасна. Ќе бидете изненадени со резултатите.