Генијална идеја! За 37 дена се оженил четири пати, а се развел три пати

- Advertisement -

Тајванците излегоа со генијален начин да добијат подолг платен одмор.

За да си обезбеди повеќе неработни денови, односно подолг годишен одмор, еден Тајванец дошол на идеја да се венча, а потоа и да се разведе, па да ја повтори постапката дури четири пати. И тоа, со истата жена.

Целата „акција“ траела само 37 дена, со што добил 32 дена платено отсуство.

- Advertisement -

Според законите на Тајван, едно лице има право на 8 дена платено отсуство кога е во брак, што е точно она што неименуваниот службеник го добил кога се оженил минатата година, на 6 април.Меѓутоа, неговата замисла била само почеток за кој однапред се припремил, пренесува „Одити централ“.

На последниот ден од своето осумдневно отсуство, Тајванецот се развел од сопругата, па следниот ден повторно се венчал со неа и побарал нов циклус од 8 дена, на кој сметал дека има право според законот. Така дошло до четири венчавки и три разводи за само 37 дена, од кои 32 ги поминал дома.

Откако банката во која е вработен сфатила што се обидува, одбила да му одобри уште 8 дена отсуство, што на анонимниот маж никако не му се допаднало. Бидејќи одлучил да продолжи со првобитниот план, службеникот поднел жалба против својот работодавец, обвинувајќи ја банката дека го крши законот со непочитување на правилата за отсуство од работа.

Била спроведена истрага и судот донел одлука дека банката навистина го прекршила законот за работа, а работодавецот бил казнет со 700 долари во октомври лани.

Случајот брзо станал вирален на социјалните мрежи и предизвикал жестока расправа помеѓу луѓето кои не можеле да поверуваат дека постои таква дупка во законот и оние кои тврделе дека законот му дозволува на било кој да ја изведе истата замисла. Сепак, никому досега не му паднала напамет ваква идеја, освен на овој Тајванец.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави