Германската сојузна влада ја класифицира Македонија како подрачје со висок риз ик на инфек ција со ковид-19, почнувајќи од 22 август, а невакцинираните ќе одат во карантин, информира Амбасадата на Германија во Скопје.
Лицата над 12 години кои се целосно имунизирани со вакцина одобрена во Германија можат слободно да влезат во земјата, без разлика на целта на патувањето. Останатите ќе можат да влезат во Германија само доколку имаат неопходна причина, но притоа прво ќе мора да одат во десетдневен карантин.
Најрано пет дена по влегувањето може да се направи тестирање за коронавирус и резултатот да се испрати преку сајтот за регистрација за влез во Германија.
Германија повторно ја класифицираше Македонија како подрачје од висок ризик поради зголемениот број заразени со коронавирус, поради што од 22 август ќе важат нови правила за влез во земјата.
Според објавата, сите патници од земјава мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната пол иција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин), при што не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена.
Доколку патникот од Македонија поднесе доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, односно во моментот на поднесување. Исто така, може да се направи ПЦР тест или тест за антитела најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За деца под 12-годишна возраст, карантинот завршува автоматски со завршување на 5-от ден по влегувањето.
Амбасадата ги објавува и ограничувањата за влез за патници од Македонија.
Лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (листа на Институтот Пол Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена.
На децата под 12 години им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, иако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид претходно наведените обврски за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична поли ција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави.
Повеќе информации може да се најдат на веб страната на Сојузното министерство за внатрешни работи.
Од германската амбасада потсетуваат македонските граѓани да се информираат за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа кои можат да бидат транзит земји на пат кон Германија.
Лицата кои патуваат итно се советуваат внимателно да се информираат за актуелно важечките правила за обврската за тестирање и карантинот на веб страната на Министерството за здравство на Германија.
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани, велат од МЗ.
Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.