Ги гледаш другарите како умираат во раце.. Се огласи Јован Костадинов, херојот од Виница

- Advertisement -

Херојството не се мери со години, туку со храброст и човечност
Јован Костадинов од Виница, 19-годишно момче, преку ноќ стана симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани, без двоумење, влезе во огнот за да спаси околу 20 деца. Со срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кој им беше потребен.

Тој за 24 Инфо вели дека е во добра здравствена состојба. Се’ уште се наоѓа на скопските клиники, но очекува за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување.

За истиот портал вели дека она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија.

- Advertisement -

„Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот…“, ги пренесува 24 Инфо неговите зборови.

На социјалните мрежи веќе е покрената иницијатива тој да биде одликуван од државава за својот херојски чин. Јован ѝ го спасил чедото и на Јадранка Бреслиева.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави