Јупитер – планетата на среќата и изобилството, на 13 мај ќе влезе во знакот на Рибите по 11 години.
Последен пат кога оваа планета беше во знакот на Рибите беше во месец декември 2010 година, а сега ќе владее со нашите енергии и во 2021 година.
Јупитер ќе остане во Рибите до 28 јули 2021 година, кога последен пат ќе влезе во Водолија за да заврши некоја „недозавршена работа“ и да ни даде некои дарови.
Јупитер подоцна ќе се врати во Рибите на 29 декември 2021 година и ќе остане во овој воден знак во поголемиот дел од 2022 година.
За да може да „предвидите“ што би ви се случило додека Јупитер е во знакот на Рибите, присетете се кои теми ви биле важни во текот на 2010 година.
Што е најважното нешто што ви се случило во тој период од животот?
Тоа не значи дека буквално ќе се повторат истите настани од 2010 година, но може да забележите како ќе напредувате во вид на добивање одредени подароци кои што сте ги заслужиле или пак корисни лекции кои што сте ги научиле од минатото.
Ќе видите и некои слични обрасци во однесувањето од тој период, а можеби ќе успеете да решите и некои работи кои што останале нејасни во минатото.
Јупитер во Риби ви носи и забава и доза добра енергија. Ова е позитивно време и момент да заблескате и да покажете колку навистина можете и умеете.
Конечно ќе ги преземете наградите за своите заслуги. Поврзете се со среќата и енергијата, но и изобилството.
Размислете во текот на овие два месеци како може да го насочите вниманието на вашата животна цел и како да остварите прекрасни резултати.
Јупитер во Риби е сонувачка енергија и може да ја зголеми вашата креативност и фантазија. Ова може да биде енергијата која што ќе ве „турка“ напред доколку работите на некакви креативни проекти или пак проекти кои што се занимаваат со идеи, алтернативна реалност или пак мистика.
Исто така овој период ќе ви донесе и ширење на креативните и интуитивните проекти.
Доколку на нешто напорно сте работеле, треба да знаете дека моќната енергија на Јупитер е на ваша страна и ви праќа бранови поддршка.