Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар – Што означува CRP во крвната слика?

- Advertisement -

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар – Што означува CRP во крвната слика?Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните лица може да детектира воспаление на крвните садови и на тој начин да ви помогне во превенцијата на срцеви заболувања. Зошто редовните анализи на CRP се многу важни и кое ниво на протеинот е нормално?

Кога телото ќе се соочи со вируси, бактерии или токсични материи, или пак ако се соочи со повреда, тоа го активира имунолошкиот систем. Во телото се формираат клетки, чијашто главна цел е да ги заробат бактериите и другите несакани материи, па заради тоа на местата каде што има инфекција често може да се појави болка, модринки, оток и слично.

Но, што ако инфекцијата се случува внатре во телото и не можеме да ја забележиме?

- Advertisement -

Кога се соочувате со некое заболување, лекарите обично ќе побараат да направите анализа на крвта, при што бараат да се утврди и нивото на CRP.

Па, што е тоа CRP, на што може да укажува и зошто толку често лекарите бараат да се направи и таква анализа?

Со ваквите анализи на крвта најчесто се мери нивото на Ц-рекреативниот протеин (CRP) во крвта. Станува збор за протеин што во многу мали количини се излачува од црниот дроб, а кога неговото ниво е покачено, тоа најчесто укажува на одреден вид воспаление во организмот.

- Advertisement -

Високото ниво на CRP честопати може да укаже дека лицето има посериозно заболување, што предизвикува воспаление во телото. Но, иако овој тест е сигурен показател за тоа дали постои или не постои воспаление, тој не покажува кој дел од телото е воспален.

Најчесто лекарите може да побараат да направите анализа на CRP кога постои сомнеж дека:

- Advertisement -

Имате инфекција предизвикана од бактерии и вируси;
Имате воспаленија на внатрешните органи, предизвикани од различни заболувања;
Имате автоимуни заболувања,
Имате заболувања на белите дробови, како бронхитис и астма.
Доколку имате зголемена температура и треска, забрзано биење на срцето и забрзено дишење или се соочувате со мачнини и повраќање, лекарот најверојатно може да побара од вас да направите анализа на CRP.

Исто така, кај оние луѓе кај кои веќе е детектирано хронично заболување, редовните анализи на протеинот можат да помогнат за да се увиди дали состојбата се подобрува.

Доколку се забележи опаѓање на нивото на CRP во организмот, тоа значи дека воспалението се намалува, односно дека препишаните лекови и терапии делуваат или пак телото само успеало да се избори.

За да се направи анализа на CRP, потребно е да се земе примерок од венска или капиларна крв (кај многу мали деца со слабо достапни вени).Резултатите од анализите често се готови уште истиот или наредниот ден, а од висината на нивото на CRP може да се утврди дали во телото има инфекција и тоа понатаму ќе ги насочи лекарите какви дополнителни анализи и тестирања треба да бидат направени.

Иако секоја лабораторија има свои утврдени вредности, се смета дека концентрациите на CRP кај здрави возрасни не треба да надминуваат 0.6mg/dL.

Малку покаченото ниво на CRP (1,0 до 5,0 mg/dL) може да укаже дека постои воспалителен процес во телото предизвикан од вирус или разни други фактори;

Значително покаченото ниво (5,0 до 20,0 mg/dL) укажува на активно воспаление, што најчесто може да биде предизвикано од бактериска инфекција;

Многу високите концентрации (над 20,0 mg/dL) укажуваат на широко распространет воспалителен процес во организмот и такви резултати најчесто се гледаат кај лицата со тешки бактериски инфекции, но и при повреди.

Освен што се користи за тоа да се открие дали во телото постои одредена инфекција, анализата на CRP укажува и за ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Ваквите заболувања често се последица на одредени воспаленија во крвните садови, па затоа со помош на анализа на CRP може лесно и да се детектира и да се спречи посериозно заболување.

На лицата што имаат семејна историја на срцеви заболувања, високо ниво на холестерол или висок крвен притисок им се препорачува редовно да прават анализи на CRP.

Освен тоа, во лица кај кои постои зголемен ризик од срцеви заболувања влегуваат и лицата што се пушачи, страдаат од дијабетес, не се физички активни и имаат зголемена телесна тежина.

Затоа и при првите симптоми на влошена здравствена состојба, најдобро е веднаш да се јавите на лекар, а тој најдобро ќе ве информира дали има или нема потреба да се направи испитување на нивото на CRP.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави