Триглицеридите претставуваат еден од облиците на масти во нашиот организам. По оброкот, целиот вишок на калории се претвора во триглицериди и се депонира во масното ткиво.
Високото ниво на триглицериди е често кај дебелите луѓе и најчесто настанува како последица на внес на брза и масна храна, слатки и консумирање на големи количини алкохол. Често, високо ниво на триглицериди во крвта имаат болни од шеќерни болести и луѓе кои се неактивни и кои водат нездрав начин на живот.
За намалување на високиот холестерол и мастите во телото е пресуден начинот на исхрана. Две забранети групи на намирници во овој случај се животинските производи како месото, јајцата и млечните преработки, а пресудна улога во решавање на овој проблем играат антиоксидансите. Најдобри природни извори на антиоксиданси се овошјето и зеленчукот, особено доколку се богати со витамин Ц.
Но, народната медицина има решение и за овој здравствен проблем. Овој лек кој се прави од само 2 состојки ја намалува вредноста на триглицеридите и холестеролот во крвта.
За припрема ви се потребни:1 чаша јогурт со ниска масленост и половина лимон
Во чаша јогурт навечер исцедете половина лимон и ставете ја чашата во фрижидер. Наутро, на празен стомак испијте ја оваа мешавина и тоа практикувајте го секое утро во наредните 2 недели.
Напомена: овој напиток не се препорачува на лица кои имаат проблеми со желудникот.