На многу едноставен и здрав начин може да ги исперете вишокот масни наслаги од артериите, да го регулирате вашиот кр-вен притисок, да се ослободите од вишокот масни перничиња на стомакот, а потребни ви се само 4 состојки.
Затнатите или блокираните артерии може да бидат причинети од кр-вно згрутчување или плака која се натрупува поради зголемено ниво на холестерол во кр-вта.
Оваа блокада предизвикува огромен притисок во кр-вта, бидејќи тогаш таа не може слободно да се движи низ телото и да ги снабдува органите и ткивата со кислород, предизвикувајќи притоа висок крвен притисок познат како хипертензија.
Еднаш кога артериите се блокирани, многу е тешко да се исчистат, а за жал, високиот кр-вен притисок е проблем кој засега голем број луѓе. Меѓутоа, постојат разни природни решенија за овие проблеми, а меѓу нив е и овој рецепт кој денес ќе ви го претставиме.
Сок од лимон, јаболкова киселина, мед и лук, ова се состојките кои ви се потребни за да добиете еден многу моќен и лековит напиток со чија помош на здрав начин ќе ги исчистите кр-вните садови и ќе го нормализирате крвниот притисок. На овие 4 намирници додадовме и ѓумбир и добивме еден турбомоќен напиток.
Зошто напитокот функционира?
Лукот се покажал повеќепати како многу ефикасен во чистењето на затнати артерии, како и за намалување на високиот крвен притисок и нивоата на лошиот холестерол. Затоа е дел од сите природни препарати кои се користат за оваа намена.
Исто така, може да го намали и нивото на шеќер во кр-вта, бидејќи кога ова ниво е во нормални граници, тогаш полесно се контролира апетитот, што за возрврат помага во слабеењето.
Ѓумбирот е поврзан со превенција на болести на срцето поради својата способност за да го зголемува протокот на кр-вта. Исто така, има способност да произведува дополнителна енергија која ќе ви помогне да бидете физички поактивни и на тој начин да изгубите некој вишок килограм плус.
Лимонот е докажан во разни истражувачки студии како средство кое помага во регулирање на работата на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем.
Јаболковата киселина има антиоксиданти кои играат клучна улога во елиминацијата на токсините од телото и кр-вта. Исто така содржи здрави витамини, минерали и ензими кои го одржуваат оптималното здравје.
РЕЦЕПТ – Многу едноставна подготовка
Сок од ѓумбир или рендан корен од ѓумбир, рендан лук, лимонов сок, јаболкова киселина и мед се користат во однос 1:1:1:1:2.
Исцедете го сокот од состојките. Ставете сок од ѓумбир, лук, лимонов сок и оцет во еден поголем сад. Загревајте на умерен оган додека да зоврие, а потоа исклучете го огнот, но оставете го тенџерето поклопено врз ринглата уште половина час. Потоа тргнете го на страна и оставете да се доизлади.
Можете да процедете, но и не мора. На крај додајте го медот и мешајте додека убаво да се раствори. Напитокот складирајте го во шише или стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Се користи по една лажичка секое утро, на пладне и навечер на празен стомак. Смесата може да се чува во фрижидер до два месеци.