Гоца Тржан за Тоше: Ми се јави пријателката и ми кажа дека видела како го вадат од под камионот

- Advertisement -

Српската пејачка Гоца Тржан важеше за блиска пријателка на нашата легенда Тоше Проески. Таа освен тоа што беше негова колешка со која заедно соработуваа на дуетска песна и приватно се дружеше и многу го почитуваше пејачот. Сега 13 години по неговото заминување со голема тага се присети на времето кога заедно поминувале убави моменти, но и оној најлошиот момент кога се разделиле.

Гоца се присети на нивната сработка и песната „1200 милји“, а потоа и за моментот кога дознала за несреќата во која македонската ѕвезда го загуби животот. Пејачката во една емисија раскажа дека за заминувањето на Тоше дознала од нејзина пријателка која и кажала дека ја видела снимката од местот на несреќата.

– Бев тазе породена. Лена имаше два-три месеци. Ми се јави другарка од Загреб и плаче. Таа ме праша: Дали е вистина дека Тоше веќе го нема? , и реков: Не трескај, како за*инал? Таа вели вистина е, ја видов снимката како го вадат од Градишка од под камионот. Јас за жал тогаш не можев да одам на последното испраќање поради малото бебе, тоа беше голем стрс за мене, истакна Гоца.

- Advertisement -

– Никогаш нема да заборавам дека отидов во Македонска амбасада да се запишам во книгата на жалоста. После неколку години бев работно во Прилеп, па спиевме во неговиот роден град. Тогаш отидов во музејот и на неговото почивалиште. Некако се опростивме ние двајца. Имав голема привилегија да пеам „1200 милји“ за нешто да се случи. Затоа мислам дека луѓето кои се толку сакани и талентирани, никогаш не заминуваат, раскажала пејачката.

Извор и фото: Мондо.рс

Последни објави

spot_img

Поврзани објави