Помешајте ги овие 3 состојки и ќе добиете моќен домашен напиток кој ќе ви помогне да го отстраните вишокот килограми и да го прочитите телото, советуваат нутриционистите…
Доколку се обидувате да ја доведете вашата линија во ред ова лето, овој напиток ќе ви помогне во тоа. Се прави од само три состојки, а може да ви помогне при регулирање на лошиот метаболизам, како и кај синдромот на мрзливи црева, а со самото тоа и кај слабеењето.
Оваа комбинација на состојки исто така го поттикнува и исфрлањето на наталожените токсини од телото, па токму затоа нутриционистите топло ја препорачуваат.
- За подготовка ќе ви бидат потребни следните состојки:
- 3 лимони
- 1 шолја сецкан магдонос
- 5 стебленца сецкан целер
- 6 чаши вода
Подготовка:
Отстранете ја кората и семките од лимонот. Ставете ги сите состојки (освен водата) во блендер, блендирајте па потоа додадете ја и водата и повторно мешајте.
Овој напиток пијте го три пати дневно во текот на три дена, секогаш свежо подготвен. Освен тоа, важно е тие денови да јадете повеќе овошје и зеленчук, особено зелени салати кои го поттикнуваат метаболизмот и ги согоруваат мастите, интегрални житарки и антиоксиданси.
Еве што велат нутриционистите за делувањето на овие состојки на организмот:
Магдоносот содржи две групи на едноставни состојки: ароматични масла поради кои толку силно мириса и флавоноиди кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.
Лимонот е полн со витамин Ц и други корисни хранливи состојки кои ги редуцираат масните наслаги и многу успешно можат да го отстранат холестеролот на целосно природен начин.
Целерот исто така го намалува нивото на холестерол, но го поттикнува и исфрлањето на токсини.